За да има силен Вардар, треба да има силен Металург и силен Еурофарм Пелистер, само така и клубовите и македонскиот ракомет ќе имаат квалитет – потенцира Веселин Вујовиќ во интервју за 24Ракомет.
Но исто така тој потенцира дека првиот човек на Вардар, Михајло Михајловски секогаш несебично давал за доброто на македонскиот ракомет и се потсети како помогнал на Пелистер.
„…Навистина така мислев и многу добро се сеќавам кога Пелистер беше во финансиски проблеми и беше пред испаѓање, и жал ми е што луѓето од Битола му го заборавија тоа на Михајло Михајловски. Тој им купуваше опрема, им даваше стипендија на играчите, го плаќаше Звонко Шундовски, кој тогаш им беше тренер. Михајло им помагаше, а јас го поддржував и му реков ’Михо помогни им за да не згасне еден историски клуб каков што е Пелистер.’ Со неговото згаснување ќе згаснеше една историја, а не сакав тоа да им се случи. Истото го мислам и за Металург, клуб кој двапати беше меѓу осум најдобри во Европа. На ниту еден друг клуб не му посакувам да му се случи она што се случи со Кометал. Големината на спортот е во сето тоа. Дека си голем онолку колку што го цениш својот противник.“
Целосното интервју со Вујо прочитајте го подолу…
ИНТЕРВЈУ ВЕСЕЛИН ВУЈОВИЌ: Единствен клуб во кој се гледам себе си е Вардар!