Битола живее за Еурофарм Пелистер, ќе се слави ли вечерва во градот на конзулите? (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Еурофарм Пелистер – Вардар пред меч

Вечерва во 19:00 часот, тимот на Еурофарм Пелистер ќе има историска шанса да ја врати титулата во Битола по 2005 година. Големиот ривал Вардар во меѓувреме освои девет титули, а ќе биде ривал во салата „Боро Чурлевски“, која е комплетно распродадена за овој натпревар. Загревањето почна во фан-зоната, а дали Битола вечерва ќе слави ќе дознаеме околу 20:30 часот.