Битола е спремна за спектакл – салата „Боро Чурлевски“ распродадена за АЕК!

Еурофарм Пелистер утре во рамките од 10. коло го очекува натпревар против АЕК.

Пелистерци во овој натпревар влегуваат од втората позиција со два бода (10) помалку од Ним кој сепак ќе остане недостижен на врвот поради подобриот меѓусебен дуел. АЕК од друга страна во натпреварот влегува како петтопласиран со осум бода.

На претходниот натпревар во Грција Е.Пелистер забележа победа од 30:27, па битолчани се надеваат на позитивен резултат и сега на домашен терен.

Битолскиот клуб на еден ден пред натпреварот објави дека салата „Боро Чурлевски“ е распродадена.