Битингхајм катастрофално го порази Ференцварош, херојско реми на Рапид Букурешт против Мец

Денес со шест дуели се комплетираше второто коло од Лигата на шампионите во женска конкуренција. Германскиот претставник во најквалитетното европско натпреварување, Битигхајм во натпреварот против Ференцварош, се надмина себе си и оствари висока победа со 20 гола разлика, 40:20 (18:9).

Натпреварот беше решен уште по првото полувреме, кое заврши со водство на домашниот тим од 18:9. Унгарскиот тим уште на самиот почеток капитулираше и до крајот дозволи домаќинките целосно да доминираат на теренот.

Рапид Букурешт дојде до голем бод против Мец, откако одигра нерешено, 32:32. Иако Мец во првите 30 минути имаше водство од пет-шест гола разлика, а на полувреме замина со предност од 21:16, сепак, мотивираните ракометарки на Рапид Букурешт со подобрата игра во последниот период од натпреварот се изборија за бод против тимот кој во изминатата сезона го освои третото место на Ф4 турнирот во Будимпешта.

На останатите натпревари фаворитите ја потврдија својата улога и остварија победа. Триумф запишаа екипите на Вајперс Кристијансад, Ѓер, ЧСМ Букурешт и Оденсе.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ЖЕНИ, РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А

БИТИГХАЈМ – ФЕРЕНЦВАРОШ 40:30 (18:9)

КРИМ МЕРКАТОР – ВАЈПЕРС КРИСТИЈАНСАД 21:27 (11:13)

ОДЕНСЕ – БАЊИК МОСТ 41:22 (24:11)

БРЕСТ БРЕТАЊ – ЧСМ БУКУРЕШТ 26:33 (13:17)

ГРУПА Б

ЃЕР – КАСТАМОНУ 44:25 (23:14)

РАПИД БУКУРЕШТ – МЕЦ 32:32 (16:21)

БУДУЌНОСТ – ЕСБЈЕРГ 23:28 (11:16)

СТОРХАМАР – ЛОКОМОТИВА ЗАГРЕБ 37:13 (22:7)