Екипата која игра во женската Бундес лига, Битигхајм се одлучи да отпушти ракометарка на една година до крајот од договорот, а како причина се наведени срцеви проблеми. Станува збор за Норвежанката Емили Сандо, која убедува дека е здрава и дека е подготвена за игра.
Во извештајот од клубот стои дека минатата есен и бил дијагностициран срцев проблем на ракометарката и дека таа оттогашне настапува. Сепак, на ова има реакција од ракометарката која вели дека добила дозвола од докторите да ја продолжи кариерата и дека има мислења од неколку доктори.
„Ситуцијата изгледа навистина чудно. Сандо има лекарски сертификати кои докажуваат дека ситуацијата е спротивна на она што го велат од тимот на Битигхајм“, вели експертот Бент Нигард.
Меѓутоа за разлика од нив клупскиот доктор смета дека не треба да ризикува со здравјето и дека е подобро да ја заврши кариерата.
Клубот веќе ангажираше две нови ракометарки на нејзиното место во тимот во Габриела Мореси и Лике ван дер Линден.