Ракометарите на Бисинов од Велес се нови шампиони во пионерската машката лига за оваа сезона откако во финалето од Ф4 турнирот кој се одржуваше во спортската сала при ООУ „Блаже Конески“ во Велес го совладаа актуелниот бранител на титулата, Струга, со резултат 21:18.
Домаќините уште од самиот почеток беа во водство и во текот на целиот натпревар имаа рутинска контрола на резултатот.
На полувреме предноста на Бисинов беше три гола разлика, 12:9, додека во вториот дел гостите од Струга не успеаја да се изборат за евентуален пресврт.
Екипата на Рисови од Скопје го освои 3 место на Ф4 турнирот откако го декласираше составот на Тиквеш со девет гола разлика, 14:23 (7:12).