Тимот на Прилеп денеска се пофали со новиот договор постигнат со левото крило Христи Бикоски.
Еден од најдобрите стрелци во прилепскиот тим реши да остане уште една сезона во Прилеп и со тоа ќе комплетира вкупно пет.
Бикоски покрај за Прилеп, своевремено настапуваше и за екипите на Вардар Јуниор и Јуниор Кисела Вода.
Покрај Бикоски, прилепчани го продолжија договорот и со чуварот на мрежата Иван Ангелески, а договорија и две засилувања досега.
Станува збор за пивотот Томче Трајчевски и левиот бек Никола Цветаноски. Од клубот заминаа левите бекови Мириани Гавашелишвили и Давор Шокоски.