По минималниот пораз на првиот натпревар од Дубочица Лесковац, ракометарите на Прилеп извлекоа реми на вториот пријателски двобој.
Во Лесковац, домашната Дубочица и Прилеп одиграа нерешено, 30-30, а најдобар стрелец кај македонскиот тим беше Христи Бикоски со десет гола.
Прилепчани претходно одиграа две контроли и со прволигашот Вардар Неготино, на кои забележаа победа и пораз.
Тимот на Горан Кузманоски беше ослабен, бидејќи Павлов, Трајкоски, Рустамов и Трајковски поради повреди не играа со Дубочица.
Прилепчани многу веројатно оваа сезона ќе бидат дел од плеј-аутот во Суперлигата, а пролетниот дел од сезоната започнува на 2 февруари.