Покрај составот на Веспрем КФТ и Алпла Хард, која го елиминира македонскиот претставник Бутел Скопје, во групната фаза место обезбедија уште седум други екипи.
Најинтересно беше на дуелот меѓу новиот проект во Норвешка, Колстад и шпанската Бидасоа. Тој мораше да биде решен на пенали, откако двата меча завршија со победи од по три разлика за домашните екипи. Во пенал серијата, домашните не погодија во шестата серија и шпанскиот тим обезбеди место во групната фаза.
Фленсбург по убедливиот триумф на гости прослави уште една убедлива победа над полскиот Квижун со 37-24, во натпревар што го судеа македонските арбитри Даниело Божиновски и Виктор Начевски.
Данскиот Силкеборг славеше против Спортинг со 33-30, но по триумфот во Лисабон со 31-22, португалскиот тим оди во групната фаза. Пирова победа за Лемго со 33-31, во бундеслигашкиот двобој против Гепинген, кој оди во групата откако дома славеше четири разлика.
Ференцварошт ја надмина негативата од два гола од мечот во Букурешт против Стеауа и дома славеше со четири погодоци, додека данскиот Орхус забележа и втор триумф против шведскиот Кристијанштад.
Швајцарскиот Цирих за кој македонскиот интернационалец Мартин Поповски даде три гола славеше против Бенидорм од Шпанија со 34-30, но по поразот на гости со десет гола, Цирих е елиминиран.
Лига на Европа, 2 квалификациско коло, резултати:
Веспрем КФТ – Шамбери 31-25
Бутел Скопје – Алпла Хард 21-25
Колстад – Бидасоа 33-31 пен.
Лемго – Гепинген 33-31
Цирих – Бенидорм 34-30
Ференцварош – Стеауа 35-31
Орхус – Кристијанштад 35-33
Силкеборг – Спортинг 33-30
Фленсбург – Квижун 37-24