На последниот ден од тренингот во Запорожје, селекторот на репрезентацијата на Украина, Михаел Биглер, заедно со неговите асистенти го состави списокот од 20 играчи кои ќе бидат дел од украинската репрезентација за настапот на ЕП.
Украина треба(ше) да игра контролни натпревари против Швајцарија на 8 и 9 јануари во Винтертур, но нивниот лет од Запорожје поради лоши временски услови беше откажан и веројатно натпреварите ќе бидат откажани.
Меѓу избраните играчи се најде и левиот бек на Мотор Запорожје, Игор Турченко. Игор е син на поранешниот македонски репрезентативец и играч на Младост, Сергеј Турченко.
Состав на Украина:
Генадиј Комок (Мотор Запорожје), Максим Вујник (Мотор Запорожје), Антон Терехов (Баја Маре, Романија), Александар Касаи (Мотор Запорожје), Дмитриј Артеменко (Динамо Астрахан, Русија), Евгениј Жук (Пермски медведи, Русија), Едуард Кравченко (Мотор Запорожје), Данил Глушак (Драгунас, Литванија), Илија Близњук (Мотор Политехника), Евгениј Бујненко (Макаби, Израел), Максим Стрелников (Женева, Швајцарија), Игор Турченко (Мотор Запорожје), Дмитро Хориха (Мотор Запорожје), Владислав Донцов (Мотор Запорожје), Олександар Тилте (Мотор Запорожје), Владислав Залевски (Динамо Астрахан, Русија), Тарас Миноцки (Тарнов, Полска), Иван Бурзак (Мотор Запорожје), Дмитриј Илченко (ЦСКА Москва, Русија),, Дмитриј Тутјаник (Мотор Запорожје)
Според најавите, ракометарите на Украина на 11 јануари ќе пристигнат во Сегед. Прв ривал на Украинците на Европското првенство е селекцијата на Србија. Украина во Групата Ц за противници ги има и селекциите на Хрватска и Франција.