Поранешниот ракометар на Црвена Ѕвезда, Милош Меденица, минатата недела беше уапсен на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, откако во гаќите му била пронајдена дрога!
Според пишувањата на „Информер“, Меденица при апсењето се противел и пружал отпор на полицијата, па освен за поседување на наркотици, ќе биде гонет и за напад на полицијата.
Меденица дошол на аеродром со цел да отпатува надвор од Србија, но додека чекал во редот за чекирање, почнал да се однесува чудно, а полицајците кои патролирале го забележале тоа и му побарале документи, но тој почнал да вика и да бара објаснување зошто му го бараат пасошот.
Потоа бил однесен во службените простории, а во паника почнал да звони по телефон. Полицајците се обиделе да му го одземат телефонот, но тој почнал да ги турка, па аеродромските служби повикале специјална единица. При претресот кај него во гаќите била пронајдена една кесичка дрога, па веднаш му е одредена мерка притвор од 48 сати. Бил сослушан, па бил пуштен на слобода.
Меденица беше во центарот на вниманието во 2014 година, кога падна на допинг тест по натпревар од српскиот шампионат.