Бешикташ сака пак во елитата – побара вајлд карта за Лигата на шампионите

Турскиот шампион Бешикташ лани не играше во најелитното европско натпреварување, но сега повторно реши да побара место. По пет неуспешни обиди со квалификации, Бешикташ успеа да влезе во групите првпат во сезоната 2014/15 и потоа играше пет сезони.

Лани иако можеше да се пријави, поради финансиски проблем не го направи тоа, и играше во Купот на ЕХФ. Годинава според рејтингот, Турција нема право на директно место во група од ЛШ, но има право да побара вајлд карта.

Со текот на времето, Бешикташ е се послаба екипа, сега има само двајца интернационлаци, Марко Ласица и Мијо Томиќ, па тешко е за верување дека ќе ја добијат довербата од ЕХФ за место во ЛШ.

Висла Плоцк, ПИК Сегед, Нант, Динамо Букурешт, Еурофарм Пелистер…се само дел од екипите што побараа место во елитното натпреварување, па Бешикташ нема да може да се избори со конкуренцијата.