Унгарскиот чувар на мрежата Адам Борбељ, кој минатата сезона бранеше за тимот на Татабања, потпиша договор со новакот во елитната лига на Унгарија – Веспрем ККФТ.
Иако Борбељ беше понуден уште пред еден месец на Еурофарм Пелистер, битолчани сепак решија да не го ангажираат и да чекаат друга опција.
„Сакав да играм во тим што ќе се натпреварува во европските кипови, но навистина е тешко во овој дел од сезонатада се најде таков клуб, а уште повеќе и пандемијата ја отежна потрагата. Затоа се решив за Веспрем ККФТ и среќен сум што ќе соработувам со Нандор Фазекаш“, вели Борбељ.
Веспрем ККФТ е тим што е предводен од некогашните легенди на Веспрем, Јозеф Елеш и Нандор Фазекаш, а функционира како академија на гигантот во мало село близу Веспрем кое се вика Фелсорс.