Беше најдобро лево крило на ЕХФ шампионатот, а сега го постигна деби голот за сениорките (ВИДЕО)

Женската репрезентација на Македонија го игра својот прв натпревар во ЕХФ Евро купот против репрезентацијата на Црна Гора. На овој натпревар има повеќе ракометарки кои дебитираат во репрезентативниот дрес, а една од нив веќе го постигна и првиот гол. Левото крило Сара Миновска искористи една одлична ситуација и со сигурен удар ја совлада противничката голманка. Миновска до крајот постигна уште еден гол. Првенецот во дресот на Македонија на најдоброто лево крило на младинскиот ЕХФ шампионат погледнете го во следното видео....