Еден од најдобрите голмани во српскиот шампионат и најдобар играч на Дубочица Лесковац, Страхиња Радисављевиќ ќе има нов клуб.
Раководоството на Дубочица и покрај тоа не беше задоволно од неговиот учинок, па реши да му даде отказ.
Одличниот чувар на мрежата, кој минатата сезона беше најзаслужен за добрите резултати на тимот од Лесковац, во новата сезона ќе биде дел од Металопластика.
Некогашниот европски првак остана без Тодор Јандриќ, кој потпиша за Загреб, па веднаш најде замена.
Новиот српски селектор Тони Херона веќе најавил дека за Радисављевиќ ќе има место на поширокиот список на националниот тим на Србија.