Репрезентативецот на Исланд, Гисли Кристјансон, кој ја одигра најдобрата сезона во својата кариера и заедно со тимот на Магдебург дојде до злато во Лигата на шампионите, беше успешно опериран на десното рамо.
Исланѓенцот повредата на десното рамо ја заработи во дуелот против Барселона на Ф4 турнирот во Келн.
Сепак, младиот ракометар собра сили за во финалето против Келце и со шест погодоци беше еден од предводниците на новиот европски шампион.
Од Магдебург известија дека средниот бек ќе паузира најмалку шест месеци.
Тоа значи дека Кристјансон ќе го пропушти првиот дел од новата сезона, но ќе биде и неизвесен за настап на Европското првенство во Германија.