Селекцијата на Франција е нов европски шампион, откако во финалето на кадетското Европско првенство во Црна Гора, ја победи Данска со 24-19.
Французинките по првото полувреме имаа солидна залиха од три погодоци, 12-9, а во вториот дел само ја сочуваа и надградија.
Најдобар стрелец во златната селекција беше Давија Абду со четири гола и Софи Бугтруп кај Данска со исто толку.
Французинките во прелиминарната група беа со Македонија и го победија нашите кадетки со 31-15.
Бронзениот медал отиде во рацете на Германките, кои беа подобри од Хрватска и славеа со 31-27.
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!