Кружниот напаѓач Бети Петковска доби големо признание по првата нејзина сезона на меѓународна сцена.
Македонскиот пивот влезе во идеалниот тим на сезоната во изборот на Ракометната федерација на Малта.
Членката на вицепрвакот Ла Сале, имаше одлични партии во минатата сезона и заслужено го доби признанието најдобар пивот.
Петковска потекнува од тимот на Куманово, каде играше до 2019 година и таму освои трофеј во Купот на Македонија, а потоа беше дел и од Гевгелија.