Беса со дупла круна во Косово

Тимот на Беса Фамгас, откако ја освои титулата во шампионатот на Косово, прослави уште еден трофеј само три дена подоцна.

Во финалето на плеј-офот од првенството Беса немаше проблем со Приштина и славеше на двата меча, но во Купот мораше да се помачи.

На крајот, сепак составот предводен од шпанскиот стртег Хавиер Кабањас стигна до трофејот откако победи со 29-27.

Беса Фамгас во новата сезона ќе игра во Лигата на Европа.