Екипата на Бенфика има намера да ги задржи во своите редови Лазар Кукиќ и Сергеј Ернандез кои претходно потпишаа со Мешков Брест.
Според португалскиот „O’Jogo“ Бенфика сака да ги задржи Србинот Кукиќ и шпанскиот голман со руско потекло Сергеј Ернандез. Бенфика ќе се обиде да ја искористи ситуацијата со руските и белоруските клубови поради војната во Украина и ќе им понуди можност за продолжување на соработката.
Кукиќ дресот на Бенфика го носи веќе две години откако дојде од шпанската Ла Риоха, претходно го носеше дресот и на Партизан. Ернандез исто така во Бенфика дојде од Ла Риоха, а го носеше дресот уште на Анаитасуна.
Ќе потсетиме Мешков Брест го напуштија неколку ракометари поради ситуацијата со руските и белоруските клубови, па клубот сега е во потрага по ракометари кои би ги пополниле испразнетите места.