Бенфика рутински против Татран, Фуксе без мака со Мотор

Денеска започна групната фаза во Лига на Европа и во 12 одиграни натпревари имаше и неколку изненадувања. Екипите на Нексе од Хрватска и Валур од Исланд беа изненадувањата во првото коло од групната фаза.

Како што е веќе познато, хрватскиот вицешампион славеше на гостувањето во Данска кај Скјерн со 30:29, додека исландскиот тим на свој терен успеа да триумфира против составот на Ференцварош, во натпревар со многу погодоци, 43:39. Ниту десет гола на Мате Лекаи не беа доволни за поволен резултат на екипата од Будимпешта.

Актуелниот бранител на титулата, екипата на Бенфика победнички ја започна европската сезона, откако славеше над Татран Прешов со четири гола разлика, 29:25. Бенфика одбработи рутински против словачкиот шампион, кој на денешниот дуел немаше многу опции за изненадување.

Македонскиот претставник во Лига на Европа, Еурофарм Пелистер на свој терен беше поразен од дански Архус со 30:27. Во групата во која се наоѓа Еурофарм Пелистер беа одиграни уште два натпревари. Фуксе Берлин немаше проблеми против Мотор, триумфираше со 11 гола разлика, 38:27, додека Бидасоа со победа од 35:26 ја оправда фаворитската улога против Агуаш Сантас.

ЛИГА НА ЕВРОПА, РЕЗУЛТАТИ

1.КОЛО

ГРУПА А

ГЕПИНГЕН – ВЕСПРЕМ ККФТ 46:30 (23:18)

КАДЕТЕН – МОНПЕЛЈЕ 28:30 (16:18)

ПРЕШОВ – БЕНФИКА 25:29 (9:15)

ГРУПА Б

ИШТАД – ЕКС АНД ПРОВАНС 29:33 (14:17)

ФЛЕНСБУРГ – БЕНИДОРМ 35:30 (16:19)

ВАЛУР – ФТЦ 43:39 (22:15)

ГРУПА Ц

БАЛАТОНФУРЕДИ  – ГРАЊОЛЕРС 25:30 (12:15)

СКЈЕРН – НЕКСЕ 29:30 (14:14)

СПОРТИНГ – АЛПЛА ХАРД 31:30 (18:18)

ГРУПА Д

МОТОР – ФУКСЕ БЕРЛИН 27:38 (10:19)

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – АРХУС 27:30 (12:16)

БИДАСОА – АГУАШ САНТАС 35:26 (16:13)