Екипата на Бенфика, која во ланската сезона ја освои титулата во Лига на Европа, а во оваа сезона веќе беше елиминирана во четвртфиналето во второто по квалитет европско натпреварување, за следната натпреварувачка сезона 2023/24 ќе прави неколку промени во играчкиот ростер.
Според информациите на „RTH Handball“, раководството на португалскиот клуб има голема желба во своите редови да го донесе репрезентативецот на Израел, Јоав Лумбросо.
Станува збор за ракометар кој има 22 години и ѐ висок 172 сантиметри. Лумбросо моментално настапува во францускиот суперлигаш Лимож. Летово стапува на сила неговиот договор со Келце. Актуелниот шампион на Полска и израелскиот репрезентативец се договорија на соработка, со важност од четири сезони.
Сепак, Бенфика е подготвена да му плати оштета на Келце во висина од 70.000 евра за „израелскиот Скубе“ да настапува во некогашниот шампион на Португалија. Средниот бек веќе три сезони е дел од најквалитетното натпреварување во Франција, а претходно играше во Германија, поточно во второлигашот, Ајзенах.
Пред трансфер во Бенфика се наоѓа и репрезентативецот на Македонија, левиот бек Филип Талески, Членот на Вардар сѐ уште ги нема потврдено информациите од португалските медиуми.