Пред стартот на новата сезона, освојувачот на трофејот во Лигата на Европа, Бенфика, ги продолжи договорите со двајца ракометари.
Најдобриот стрелец во Лигата на Европа минатата сезона, Петар Ѓорѓиќ ќе остане уште три сезони, откако ја продолжи соработката до 2025 година.
Од 2019 година кога пристигна во Бенфика, Ѓорѓиќ стана најдобар стрелец во клубот со 743 постигнати погодоци на 117 натпревари.
Покрај Ѓорѓиќ, соработката ја продолжи и голманот Сергеј Ернандес, кој ќе остане и во следната сезона. Шпанскиот чувар на мрежата требаше да оди во Мешков Брест, но договорот не се реализираше поради актуелната ситуација во тој регион.