Екипата на Бенфика тргна сигурно во групната фаза од Купот на ЕХФ и денеска успеа да го совлада тимот на Бјерингбро со убедливи 33:24.
На гостувањето Бенфика беше без Ристовски, но неговите колеги завршија одлична работа. Успеаја да бидат во предност во текот на целата средба и во ниту еден момент не дозволија противникот да направи проблеми.
Резултатот на полувреме беше 14:11, а во вториот дел разликата само се зголемуваше. Домашните добар дел играа без голман со цел да се вратат во мечот, но тоа на крајот ги чинеше висок пораз.
Петар Ѓорѓиќ беше убедливо најефикасниот на овој дуел. Имаше 11 погодоци, но од 20 удари. Кај домашните најпрецизен беше Јохан Хансен исто така со 11 гола.
Во следното коло на домашен терен Бенфика игра против тимот на Мелзнунген.