Белорускиот интернационалец Дмитриј Смоликов во интервју за „Гомел новости“ откри дека македонскиот шампион, Вардар покажал интерес за негово ангажирање во претходната сезона, односно пред почетокот на пролетниот дел.
Обидите на десниот бек да се пресели во Скопје завршиле без успех откако неговиот клуб, Гомел, не дал зелено светло за реализација не неговиот трансфер во шампионот на Македонија.
„Во текот на оваа сезона, имав понуда преку агент да се заминам во Вардар. Кон средината на сезоната мојот клуб не ме пушти да си одам. Ова можеше да биде остварување на еден сон бидејќи клубот од Македонија е редовен учесник во Лигата на шампионите”, изјави Смоликов.
Десниот бек на репрезентацијата на Белорусија својата кариера ќе ја продолжи во шампионатот на Полска. Смоликов ја прифати понудата да настапува за екипата на Стал Миелец.