Белоруска легенда може да го преземе Брест

Поранешниот репрезентативец на Белорусија, Максим Бабичев, кој, својата клупска кариера ја заврши во дресот на украинскиот шампион, Мотор Запорожје, може да го преземи женскиот тим на Брест, пишува рускиот „Брз Центар“.

Бабичев, моментално, работи како помошен тренер во женската сениорска репрезентација на Белорусија, која како и машката репрезентација, е под санкции од страна на ЕХФ, односно ИХФ.

Легендата на белорускиот ракомет освен за Мотор настапуваше и за екипите на Мешков Брест, Динамо Минск и Аркатрон. Во претходната сезона стави крај на својата играчка кариера.

За репрезентацијата на Белорусија одигра 144 меѓународни натпревар постигнувајќи 238 погодоци во репрезентативниот дрес. Во екипата на Мотор, во која пристигна во текот на 2017 година, беше еден од главните играчи во сите четири сезони.