Белорусија убедлива во соседскиот двобој со Русија, Швајцарија загуби и од Зеленортските Острови

Во рамките на ЕХФ неделата се играат многу пријателски натпревари, бидејќи сите селекции ги започнаа подготовките за континенталните шампионати.

Во соседскиот двобој, Белорусија славеше убедлливо против Русија со 35-27. Во Минск, за домашните по пет гола постигнаа Јуринок, Каралек, Гајдученко и Вајлупов, додека за Русија по четири пати стрелаа Санталов и Сорока.

Овие две селекции утре ќе одиграат уште еден натпревар.

На турнирот во Тунис, на кој покрај домаќинот играат и Швајцарија, Црна Гора и Зеленортските Острови, токму африканската селекција направи мало изненадување и ја совлада Швајцарија со 24-22, иако европејците имаат плус три на полувреме, 10-13.