Репрезентацијата на Белорусија во рамки на турнирот „Четири нации“ кој се игра во Полска беше поуспешна и од домашната репрезентација и триумфираше со 25:24. Со оваа победа Белорусија го освои првото место на турнирот.
Белорусите имаа добро прво полувреме по кое имаа предност 15:11, во продолжението Полска успеа да намали да се доближи на минус еден но не успеаја да избегнат пораз. Во вториот меч од турнирот Шпанија Б многу лесно се справи со Обединетите Арапски Емирати и победи со 32:15.
Репрезентацијата на Холандија го освои третото место на трофејот „Карпати“ откако успеа да ја победи селекцијата на Алжир со 28:26. Двете поразени репрезентации во првите дуели одиграа неизвесен меч на кој по првиот дел Алжир имаше предност со 15:14, но Холанѓаните во вториот дел направија пресврт.
Пријателски натпревари, резултати:
Македонија – Романија 24:20 (10:12)
Алжир – Холандија 26:28 (15:14)
Чешка – Словачка 23:20 (12:8)
Србија – Египет 29:17 (13:9)
Шпанија Б – ОАЕ 32:15 (18:4)
Полска – Белорусија 24:25 (11:15)