Екипата и стручниот штаб на Белорусија имаа непријатности при нивното пристигнување на аеродромот во Каиро и терените за тренинг. Селекторот на Белорусија, Јуриј Шевцов за „Брз Центар“ го коментираше непријатниот настан.
„Денот на пристигнувањето не се одвиваше како што посакувавме. На време пристигнавме на аеродромот во Каиро. Но, моравме ноќта да ја поминеме во Александрија. Oрганизаторот го објасни ова префрлување поради грижа за нашата безбедност како и маглата на патот“
Своето патешествие репрезентативците на Белорусија го продолжија наутро, но патувањето се одвиваше скоро цел ден во автобус. Покрај патните проблеми, терените за тренинг беа зафатени од други репрезентации и мораа да чекаат.
„Тргнавме наутро, патувањето траеше скоро три часа. Потоа моравм да поминеме повеќе од еден час до местото за тренинг кое беше далеку од хотелот и бевме известени дека моментално е зафатено. Така во вторникот бевме „цел ден“ во автобус“, заврши Шевцов.
Белорусија го одигра својот прв натпревар на Светското првенство во Египет против Русија кој заврши без победник, 32:32.