Насекаде низ светот се стопирани сите спортски натпреварувања поради ширењето на коронавирусот.
Единствената земја во која се уште се игра ракомет е Белорусија. Покрај ракометните натпревари, се играат и други мечеви, со оглед на тоа што вчера започна новата сезона во фудбалскиот шампионат.
Претседателот на Белорусија, Александер Лукашенко, кој на оваа позиција е од 1994 година, со интересна изјава за медиумите.
„Им препорачувам на сите граѓани да одат во сауна и да пијат многу водка, па вирусот ќе биде уништен“, изјави Лукашенко.
Се чини дека Белорусите го најдоа лекот за коронавирусот штом не се плашат и играат редовно.