Извршниот комитет на Светската антидопинг агенција, ВАДА донесе одлука со која ги разлути Русите и од сите страни има голем број на реакции. Одлуката која е донесена се однесува за суспензија во период од четири години со која им се забранува на спортисите од Русија да играат на Олимписките игри.
Ова значи дека на Олимпијадата во Токио ќе ги нема репрезентациите на Русија, а особено во женска конкуренција се очекуваше Русинките да бидат кандидати за златниот медал. Тие се во трка за трофејот во Јапонија на Мундијалот кој е во тек, а на овој шампионат се под своето знаме. Од она што досега е познато суспензијата се однесува за настапите на Олимписките игри бидејќи Интернационалниот олимписки комитет прв се изјасни по ова прашање.
После одлуката на ВАДА, засега нема официјални реакции од страна на ИХФ и ЕХФ. Доколку одлучат да ги прифатат препораките од страна на ВАДА тогаш можно е машката репрезентација на Русија да биде исклучена и од следното Европско првенство кое почнува за еден месец, но и на следниот Мундијал во Египет.
Засега настапот на шампионатот во Австрија, Шведска и Норвешка не е доведен во прашање, но последната ќе биде на челниците на ЕХФ кои ќе треба да одлучат околу натамошните игри.