Европската ракометна федерација ги објави учесниците во новата сезона од групната фаза од Лигата на шампионите.
Покрај тимовите што обезбедија директно место, вајлд-карти добија уште седум тима. Тоа се хрватскиот првак Загреб, словенечкиот Целје, данскиот Алборг, францускиот Нант, унгарскиот Веспрем, норвешкиот Елверум и полската Висла Плоцк.
ГОГ, Барселона, ПСЖ, Магдебург, Кил, ПИК Сегед, Келце, Порто и Динамо Букурешт имаат обезбедено директни места согласно рејтингот.
Екипите што не добија вајлд-карта се украинскиот Мотор, романската Баја Маре, шведскиот Иштад, шпанскиот Гранољерс, швајцарскиот Кадетен и португалскиот Спортинг Лисабон.
Ждрепката за групната фаза во Лигата на шампионите е закажана на 1 јули.