Безјак за 24Ракомет ТВ: Имавме повеќе среќа во финишот (ВИДЕО)

Екипата на Магдебург по 21 година повторно ја освои Лигата на шампионите, откако во финалниот дуел на завршниот турнир во Келн го совладаа Келце со 30-29 (26-26, 13-15) во продолженија. По два драматични и неизвесни дуели во Келн, Магдебург го крена победничкиот пехар. Словенечкиот репрезентативец Марко Безјак одигра клучна улога во новиот европски шампион, посебно во полуфиналето против Барселона. Средниот бек, кој во следната сезона ќе настапува за Нексе, за 24Ракомет ТВ ги сподели своите импресии по освојувањето на титулата во елитата. Целосната изјава на Безјак погледнете ја во видео прилогот...