Прв ривал на македонската репрезентација на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, ќе биде селекцијата на Украина, која по десет години апстиненција се враќа на континенталните собири.
Селекторот Сергеј Бебешко вели дека примарна цела е да се мине групата.
„Наша примарна цел ќе биде да се мине групата. Сите зборуваат дека имаме лесна група, сигурно и нашите ривали мислат така. Среќни се што им се „падна“ Украина. Фактот што не играме со некоја од најсилните репрезентации е голем плус, но не можеме да кажеме дека групата е лесна. Не игравме десет години на ЕП, па логично е да бидеме аутсајдери. Ќе одиме чекор по чекор, натпревар по натпревар, како што правевме во квалификациите. Тогаш успеавме, а се надевам и сега ќе биде така“, изјави Бебешко.
Натпреварот меѓу Македонија и Украина се игра на 10 јануари во 20:30 часот во „Виенер Штадхале“ во Виена.