Првиот ривал на Македонија на Мундијалот, Норвешка, стартуваше победнички на турнирот во Трондхајм.
Избраниците на Јонас Виле славеа против Португалија со убедливи 38-27 и покажаа високо ниво, иако стартуваа со подготовките пред само три дена.
На паузата бше 18-13 за Норвежаните, кои во вториот дел лесно стигнаа и до плус десет, 29-19, па ја одржуваа разликата рутински до крајот.
Магнус Род и Сандер Сагосен се вратија на терен по повредите, но повеќе асистираа на овој дуел.
Најдобар стрелец беше левото крило Себастијан Бартолд со десет гола од десет обиди, а кај Португалија, Портела даде пет погодоци.
Норвешка има уште две пријателски средби против САД и Бразил, а првиот дуел против Македонија на Мундијалот се игра на 13 јануари.