Ракометарите на Барселона се освојувачи на Купот на Шапнија. Тие во финалето убедливо ја совладаа екипата на Бидасоа Ирун со 37:29 и лесно освоија нов трофеј.
Ова е вкупно 17. трофеј на Барселона во Купот, а 11. по ред во натпреварувањето. Сега до крај на сезоната ракометарите можат мирно да се посветат на завршниот турнир во Келн кој ги очекува на 18. и 19. јуни.
После израмнетиот почеток Барселона ја презема контролата на играта, имаа пет гола предност во завршните минути од 15:10. Сепак до крај на првито дел Бидасоа успеа да ја намали нгатвата и на одмор заминаа со предност на Барса од 17:14.
Во продолжението без поголеми прболеми ракометарите на Барселона стигнаа до сигурна победа вредна трофеј. Најефикасен беше Алеикс Гомез со седум гола, а Фабрегас постигна шест. Во тимот на Бидасоа се истакна Одриозола со осум гола.