Ракометарите на Барселона ја оправдаа фаворитската улога и славеа на гостувањето во Букурешт против Динамо со 35:30 во 11. коло од Групата Б во Лигата на шампионите.
Барселона имаше силен старт на мечот и го отвори со 5:1, но Динамо Букурешт возврати и брзо се врати на минус еден. Сепакм до крајот на првиот дел тимот од Шпанија го диктираше резултатот. На полувреме гостите имаа два позитива, 17:15.
Барселона одлично го зпочна и второто полувреме, Мем и Јанц го вратија највисокото водство од пет гола за само пет минути. До крај на натпреварот обидите на Динамо не донесоа резултат и Барселона забележа нови два бода.
Најефикасен во составот на Динамо Букурешт беше Мохамед Шебиб со девет голови, а Раул Кампос Нантес постигна осум. Во екипата на Барселона прв стрелец беше Дика Мем со девет погодоци, а Ханиел Лангаро постигна седум гола.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА Б
ТАБЕЛА