Двајцата репрезентативци на Франција, Дика Мем и Лудовик Фабрегас, кои го носат дресот на Барселона, би можеле во каталонскиот клуб да останат подолг временски период, пишува „Мундо Депортиво“.
Дика Мем и Лудовик Фабрегас со актуелниот европски шампион имаат договор до 2024, односно 2023 година, но раководството на Барселона веќе им понудило понуда за продолжување на договорите.
За двајцата споменати ракометари, според шпанските медиуми, постои интерес од ПСЖ, но и од други моќни клубови.
Мем, кој игра на позиција десен бек, во составот на Барселона пристигна од екипата на Трембле во текот на 2016 година. За само неколку сезони, тој стана главен адут во ракометниот гигант.
Фабрегас во Барселона пристигна нешто подоцна, во 2018 година, од редовите на тогашниот освојувач на Лига на шампионите, Монпелје. Кружниот напаѓач е прва опција на пикерската позиција во дресот на Барселона.