Барселона не попушта, против Нант минимално за 12 од 12

После 60 минути надигрување и две полувремиња со различни лица на ракометрите на Барселона, тимот од Шпанија продолжи со победите во Лигата на шампионите откако го совлада Нант со минимални 30:29.

Во интересен натпревар во кој ракометарите на Нант заслужија барем бод денеска можеше да се види интересна средба во која имаше одлично надигрување. И двете екипи имаа што да покажат на теренот така што имаше 60 минути уживање во убав ракомет.

Нант успеа да казни неколку од грешките на противникот во првите 30 минути така што успеа да стигне до предност која на полувремето изнесуваше три гола разлика, 17:14. Во овој период новиот селектор на Македонија, Кирил Лазаров имаше одлична партија во која подели неколку асистенции до своите колеги така што учествуваше во градењето на предноста.

Во вториот дел Нант имаше игра која му даваше надеж дека може до победа, но работите почнаа да се менуваат. Одбраната на Барселона стана поцврста, Мелер одбрани неколку удари, па резутатот доби сосема поинаков тек. Во нападот ракометарите на Барса почнаа далеку попрецизно, па гостите мораа повеќе да ризикуваат и во такви моменти се казнуваше секоја грешка.

На крајот еден погодок одлучи сè, а Барселона дојде до својата 12. победа во 12 одиграни средби со што само беше потврдено првото место на табелата кое и онака беше загарантирано.

Дика Мем, Аитор Арињо и Алеиш Гомез беа најефикасни во Барса со по пет погодоци. Мелер на голот имаше 13 интервенции, додека неговиот колега од Нант, Емил Нилсен вкупно 15. Валеро Ривера со девет гола беше најефикасен на теренот. Лазаров постигна три гола.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА14102222
2АЛБОРГ1482418
3НАНТ1473417
4МАГДЕБУРГ1461713
5ПИК СЕГЕД1461713
6КЕЛЦЕ1451811
7КОЛСТАД1451811
8ППД ЗАГРЕБ1431107