Барселона најде замена за Сорендо

Шпанскиот шампион Барселона по Мелвин Ричардсон, за следната сезона ќе го ангажира репрезентативецот на Португалија и ракометар на Порто, Виктор Итуриза. Португалецот би бил замена за Сендрик Сорендо кој од Барселона ќе се пресели во романскиот првак, Динамо Букурешт.

Според тамошните медиуми, Барселона и Итуриза се на добар пат да се договорат околу соработката. Искусниот репрезентативец на Португалија беше на мета на големи клубови од Франција и Германија, но дадената прилика од ракометниот великан не се одбива.

Во Барселона минутажата на пикерската позиција ќе ја дели со неговиот колега од португалската репрезентација, Фрaде, како и со Фабрегас. На последното Светско првенство во Египет, Итуриза беше еден од лидерите на репрезентацијата на Португалија.

До овој момент се знае дека тројца ракометари нема да бидат дел од шпанскиот првак следната сезона. Кевин Мелер и Сендрик Сорендо најдоа ангажман во нови клубови, а Раул Ентрериос ја завршува кариерата.