Ракометарите на Барселона после паузата поради заразените ракометари од Ковид 19 се вратија на терен, а Алборг го плати данокот особено откако голот беше наполнет до врв. Барса победи со 42:33 со што дојде до бодови на овој дуел.
Имаше две различни полувремиња. Во првото полувреме беше израмнето, а играчите на Алборг успеваа да парираат. Разликата постојано беше гол до два, но пред паузата дојде до зголемување и Барса имаше 16:10. Сепак, гостите се вратија и на одмор се замина со само два гола предност.
Откако на полувреме беше 20:18 продолжението донесе сосема поинаква игра. Барселона влезе во вториот дел до 4:0 и тука брзо дојде до промена во ритамот и во резултатот. Немаше шанса за да се направи некаква измена бидејќи Барселона имаше контрола.
Сите обиди на гостите од Данска да дојдат до нешто повеќе не дадоа резултат, па рано мораа да се помират со поразот. До крајот Барселона дојде до плус девет и го реши овој дуел со 42:33.
Во победата на Каталнците, најефикасни со по шест гола беа Блаж Јанц и Дика Мем, додека по петпати реализираа Палмарсон, Циндриќ и Мортенсен. Во редовите на Алборг петпати реализираа Бартолд и Јул-Ласен.