Организацискиот комитет на Светското првенство за жени кое ќе се одржи во Шпанија 2021 година објви дека ќе го намали бројот на градови домаќини во кои ќе се игра шампионатот.
Поради состојбата со коронавирусот и неизвесноста во наредниот период Организацискиот одбор на првенството одлучи турнирот да се игра во четири града во Шпанија и тоа во Граољерс, Торевиеха, Лирија и Кастелон. Оваа одлука е донесена заради поефикасна и побезбедна организација.
Завршницата која требаше да се игра во Барселона, сега на програмата ќе биде во градот Грањолерс, се со цел на поголема изолираност и безбедност. Иако градот Барселона подолг период се подготвува за првенството, сепак најдобрите ракометарки овојпат нема да играат во „Блауграна“.
Организацискиот одбор на Светското првенство засилено работи во четирите града каде што ќе се играат натпреварите, Гранољерс, Торевиеха, Лирија и Кастелон како би се обезбедиле најдобрите услови од спортски и здравствен аскепт за да се одржи уште еден голем настан.