Ракометарите на Барселона ја продолжуваат доминациајта во Шпанија и освоија уште еден трофеј во Копа дел Реј. Во финалето Барселона убедливо го совлада Адемар со 35:27.
Избраниците на Чави Пасквал немаа проблеми на дуелот против Адемар, каталонскиот тим доминираше во текот на сите 60 минути. Уште на полувреме фаворитот имаше добра позитива кога водеше 20:13.
Продолжението не донесе ништо ново на теренот, Барселона рутински го контролираше натпреварот и сигурно го водеше до победа. Адемар беше немоќен да направи изненадување и беше поразен.
Со овој трофеј Барселона ја продолжи низата во Копа дел Реј и го освои осмиот трофеј по ред.
🏆🤩 Ben amunt @Raul_Entrerrios !! 🤩🏆
🔵🔴 #ForçaBarça pic.twitter.com/bygvOVubsE
— Barça Handbol (@FCBhandbol) March 7, 2021