Шпанскиот град Барселона е домаќинот на 15. состанок на Форумот на женските ракометни клубови.
Од Македонија има двајца претставници, а тоа се претседателката на Металург, Зорица Блажевска и членот на УО на Куманово, Филип Додевски.
Главни точки се изборот на претседател, има само еден конкурент – Жолт Акош од Ференцварош, како и избор на потпретседал за кој има двајца кандидати – Томас Хиле од Есбјерг и Деја Долер од Крим.
Состанокот се одржува за време на Мундијалот во Шпанија, на кој денеска се играа полуфиналните натпревари, а в недела ќе бидат финалните двобои.