Барселона додаде уште еден трофеј во огромната колекција!

Каталонскиот гигант Барселона во последните сезони како од шега ги освојува сите можни трофеи на домашна сцена, а последниот е во „Копа Дел Реј“.

Избраниците на Чави Пасквал немаа никакви проблеми и во финалниот натпревар го совладаа составот на Бенидорм со убедливи 40-25.

Трофејот замина во рацете на Барселона, додека Бенидорм доби „награда“ – настап во ЕХФ Лигата на Европа следната сезона.

Претходно во четвртфиналето и во полуфиналето, Барса ги победи Грањолерс со 15 голови разлика и Адермар Леон со 11 погодоци разлика.