Ракометарот кој во последните три сезони го носеше дресот на екипата на Данкерк, Бразилецот Ханиел Лангаро во новата сезона ќе се најде во дресот на Барселона.
Интернационалецот од Бразил соопшти преку социјалните мрежи дека ќе го напушти клубот од Франција и дека се сели во Шпанија.
Според информациите тој би требало во Барселона да биде замена за Ласе Андерсон кој си заминува од редовите на Каталонците и се сели во Фуксе Берлин. Дали ова ќе биде добра замена ќе се види на терените што стартува новата сезона.