Со трофејот во Лигата на шампионите, заврши 12-годишната ера на Чави Пасквал на тренерската клупа во Барселона.
Каталонците уште поодамна го пикираа неговиот наследник, а тоа ќе биде Антонио Карлос Ортега.
Тој беше „врзан“ со договор до 2023 година со Хановер, па бундеслигашот побара оштета од половина милион евра.
Неколку недели траеја преговорите меѓу двата тима, и на крајот сите инволвирани страни се договорија за оштета од 250.000 евра, пишува „Мундо Депортиво“.
Покрај Ортега, во Барса ќе дојдат десниот бек Мелвин Ричардсон, левото крило Анхел Фернандез и голманот Лео Мациел.