Актуелниот европски првак Барселона во изминатиот период беше во потрага по нов пикер, кој ќе биде замена за Лудовик Фабрегас, бидејќи искусниот репрезентативец на Франција од следната сезона ќе го носи дресот на унгарскиот гигант Веспрем.
Барселона поради кратењето на буџетот, се откажа во своите редови да го ангажира Артем Каралек од Келце.
Според пишувањата на шпанските медиуми, раководството на Барселона во своите редови го посакува играчот на Ла Риоха, Хавиер Родригез. Сепак, за реализација на овој трансфер, клубот од Каталонија на Ла Риоха ќе треба да и плати 40.000 евра оштета, што е далеку поефитно од варијантата за ангажирање на Каралек.
20-годишниот член на Ла Риоха во тековната сезона во Асобал лигата на 24 одиграни натпревари постигна 81 гол. Со неговиот матичен клуб на двапати учествуваше на европска сцена, поточно во Лига на Европа.
Во сезона 2021/22 постигна 13 погодоци, додека во оваа сезона еден гол повеќе од претходната.
На крајот од сезоната од Барселона освен Фабрегас, ќе си замине екс ракометарот на Вардар, Лука Циндриќ и репрезентативецот на Португалија, Луис Фраде.