Репрезентативецот на Шведска, Хампус Ване од следното лето дефинитивно ќе стане член на екипата на Барселона. Информациите говорат дека дека левото крило на Флензбург од 2022 година ќе игра за Барса, а договорот ќе му биде на три години.
Со ова се потврдуваат информациите дека тој ќе се пресели во Шпанија, а веќе се знае дека ќе ја дели минутажата со Аитор Арињо, кој исто така има договор до 2025 година.
Ване беше на радарот на Каталонците веќе неколку години. И пред неколку години имаше обид за негов ангажман. Меѓутоа тогаш не дојде до соработка. Тогаш Барса го потпиша Каспер Мортенсен, но тој не ги оправда очекувањата.
Сега со Ване, Каталонците добиваат одличен ракометар кој игра добро и во двата правци така што дефинитивно Барселона добива многу.