Шпанскиот гигант Барселона според очекувањата го освоија трофејот на ТВ турнирот на шампионите во Добој.
Каталонскиот тим во финалето славеше убедливо против египетскиот првак Ал Ахли со 37-31 пред 2.000 гледачи.
Победата на Барса беше најавена уште по првото полувреме кога избраниците на Антонио Ортега водеа со 11 гола, 23-12.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Мем и Ване со по седум погодоци, додека Де Варгас и Нилсен комбинираа 20 одбрани.